април 20, 2026

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци, вчера во 12:40 часот го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 – А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што соопшти денеска МВР, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата.

М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK