април 20, 2026

Вчера околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со ресенески регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Ресен, патничко возило „пежо 2008″ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Битола и патничко возило „бмв” со ресенски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од с.Асамати, ресенско.

Во соопштението од полицијата се вели дека од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот од патничкото возило „фолксфаген голф“, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „бмв“ неговата сопатничка од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK