април 20, 2026

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“. ТВ Клан го објави свидетелството од втора година средно на професорот Блерим Саити, кој претендира да застане на чело на Универзитетот.

Просекот му го крева само една четврорка по ликовно, сите останати оценки му биле двојки. Блерим Саити е редовен професор на Факултетот за социјални науки на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а негов противкандидат е Беким Фетаји, редовен професор на Факултетот за информатички науки при истиот Универзитет.

По двојките во средно, Саити дипломирал и магистрирал на Институтот за физичка култура на Универзитетот во Тирана, а докторирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот опонент Фетаји пак е информатички инженер. Средното образование го завршил во Гостивар, како ученик на генерацијата.

Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил на Универзитетот „Брукс“ во Оксфорд, додека во Грац, Австрија станал доктор по технолошки науки. Изборот за нов ректор е в среда, а гласањето е тајно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK