април 20, 2026

Марија Шерифовиќ објави нова фотографија со синот Марио, кој ја изненади пред еден од нејзините последни концерти.

„Сите ме прашуваат – Како можеш? Како пееш така трета вечер по ред? Зошто не се штедиш? Од каде ти е толку многу љубов? Па како ќе издржиш уште две ноќи? Па чувај се, Марија! Еве од каде е… Дојде синоќа, не ни знаев дека ќе дојде. Се гушкавме 15 минути и сите батерии отидоа на 90%. Твое е само тоа што го даваш“, напиша 40-годишната пејачка во описот на објавата, воодушевувајќи ги обожавателите.

Марија и за Денот на жената објави фотографија со синот.

„8-ми март конечно има смисла. Мојот најубав живот, моето најмило сонце, мило мое, моето најубаво момче, моето зелено око… Те сакам до неистражените галаксии“, изјави тогаш Шерифовиќ.

Share

The post Шерифовиќ објави нова фотографија со синот: Се гушкавме 15 минути, батериите се на 90% appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK