април 20, 2026

Арсенал и Астон Вила ги потврдија своите места во четвртиналето во Лигата на шампионите. Арсенал одигра 2:2 во Лондон со ПСВ Ајндховен, првиот меч им припадна на „топџиите“ со 7:1, а Вила по 3:1 во првиот меч, во вториот го победи Клуб Бриж со 3:0.

Арсенал два пати водеше против ПСВ со головите на Зинченко и Рајс, на 1:1 израмни Перишиќ, на 2.2 Дуреш.

Астон Вила во второто полувреме постигна три гола против Бриж, кој од 17.минута играше со фудбалер помалку. Црвен картон доби Сабе во 17.минута.

Два гола постигна Асенсио, еден засилувањето од Челси, кој лани играше во Дортмунд, Матсен.

Share

The post (Видео) Арсенал и Астон Вила си ги потврдија местата во топ 8 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK