За време на петнаесетминутниот молк во Белград во еден момент се слушнала врева која ја вознемири толпата. Звукот што го прекина петнаесетминутниот молк беше звучно оружје или „звучен топ“ што го поседува безбедносниот систем на Србија, рече Александар Радиќ, воен аналитичар. Истите тврдења ги изнесе и лидерот на партијата „Срце“, Здравко Понош.
Додека граѓаните им оддаваа почит на загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, се слушна врева, но се уште не се знае точно што се случило.
Граѓаните почнале да бегаат, а настанала гужва. Од толпата се слушаа извици: „Луѓе, забавете“.
МВР во меѓувреме демантираше дека употребил звучен топ, наведувајќи дека тоа не е во согласност со законот.
Извор: 4news