Државното Јавно обвинителство соопшти дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен на местото на пожарот.
Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани.
На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, стои во соопштението.
Од МВР во изјава за МИА потврдија дека најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.
Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.
Следете не, не има насекаде