март 16, 2025 11:09:47 PM

Пристигнаа информации дека Панчо од ДНК (Владимир Блажев), еден од членовите на дуото ДНК чиј концерт беше место на катастрофалниот пожар во Диско клубот Пулс во Кочани, е хоспитализиран на Одделот за пластична хирургија во Клиничкиот центар во Скопје. Тој е на кислородна поддршка поради изгореници на лицето и раката, но е надвор од животна опасност. Неговата сестра, Јадранка Николовска, преку солзи ја сподели веста, изразувајќи загриженост за останатите членови на бендот, чија судбина сè уште не е позната.

Засега знам дека мојот брат е надвор од животна опасност, има изгореници на лицето и раката и добива кислородна поддршка во Клиничкиот центар во Скопје. Уште немам информации каде се Андреј и другите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеѐ за ова“, изјави таа низ солзи.

Иако Панчо е стабилен, неизвесноста околу другите членови на ДНК останува, што дополнително ја отежнува ситуацијата за семејствата и фановите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK