март 17, 2025

Предмалку заврши закажаниот мирен протест на студентите во Скопје поради трагедијата која се случи вчера во Кочани. Граѓаните кои најмногу беа студенти и млади луѓе, во огромен број се собраа пред палатото на УКИМ и со палење на свеќи, положување на цвеќе и молк ја искажаа својата тага поради оваа невидена трагедија.

Повеќето од нив беа потресени и не сакаа да говорат ништо пред нашата камера, а истакнаа дека се дојдени за да искажат почит, но и да бараат одговорност за оваа трагедија. На неколкупати беа повикувани медицинску лица за укажување на прва помош на неколкумина од нив кои во момент на тага не издржаа и изгубија свест.

Пред платото се обрати и министерката за образование Весна Јаневака која истакна дека жали за случајот и за загубените млади животи, зборови кои дел од присутните ги дочекаа со негодување и и порачаа, политичките партии да не ги користат овие моменти за политички поени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK