март 17, 2025

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров e помеѓу загинатите во трагедијата во Кочани, а преку социјалните мрежи се прости и репрезентативецот Бојан Миовски.

Миовски на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од Лазаров и додаде:

„Почивај во мир, брат мој“.

Како што информираат од фудбалскиот клуб Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, на крајот се задушил во чадот.

„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија од Шкупи.

Лазаров во кариерата настапуваше за Металург, Тиквеш и Работнички во Македонија, како и хрватските Рудеш и Горица.

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените во болницата во Штип го загубил животот.

Share

The post Андреј Лазаров фудбалер на Шкупи го загуби животот во трагедијата во Кочани appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK