март 18, 2025 11:41:11 PM

На барање на Владата на Република Македонија, денеска продолжува помошта и евакуацијата на повредените во пожарот во Кочани, соопшти српското министерството за одбрана.

За целите на медицинска евакуација, уште еден авион на српската армија CASA C-295 со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија. Планирано е 12 пациенти да бидат евакуирани со авион. Потсетуваме дека синоќа 12 пациенти кои беа лекувани во Воено-медицинската академија и Клиничкиот центар на Србија, исто така, се превезени со воздухопловство на Србија“.

Покрај авионот, денеска во Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да ги превезе пациентите кои ќе бидат хоспитализирани во таа болница, пренесуваат тамошните медиуми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK