април 20, 2026

Истрагата треба да покаже, но од она што се виде од видеото снимено непосредно пред трагедијата во дискотеката во Кочани, пиротехничките прскалки на бината го предизвикуваат кобниот пожар, а пак, несоодветните градежни материјали го шират за многу кусо време.

Но, она што може да се забележи од архивските фотографии на дискотеката „Пулс“, е дека не е прв пат на бината да се користат запаливи реквизити. Фотографиите во продолжение сведочат дека пред четири месеци, односно во ноември минатата година дел од танчарките прават шоу со оган. Сепак, станува збор за различни реквизити, односно на фотографиите нема прскалки, како при настапот на ДНК.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK