март 20, 2025 7:24:52 AM

Францускиот напаѓач Маркус Турам (27) поради повреда нема да настапи на двата меча против Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нации. Турам, во понеделникот се појавил во Националниот фудбалски центар во Клерфонтен.

Напаѓачот на Интер бил прегледан од докторот Франк Ле Гал пред да биде подложен на дополнителни тестови.

„Тој имаше болки во левиот скочен зглоб, поради што нема да може да учествува на натпреварите закажани за четврток на 20 март во Сплит и в недела на 23 март на „Стад де Франс“ против Хрватска. Дидие Дешам му дозволи да се врати во Милано. Селекторот продолжува да работи со преостанатите 23 играчи“, соопштија од Фудбалската федерација на Франција.

Турам (29 настапи, 2 гола) одигра неколку натпревари под инјекции оваа сезона. Тој постигна два гола против Феенорд во Лигата на шампионите пред да биде заменет по 60 минути игра. Во неделата во Бергамо тој го одигра целиот натпревар против Аталанта при победата на Интер од 2:0, но не постигна гол.

Дешам сега остана со Бредли Баркола (ПСЖ), Усман Дембеле (ПСЖ), Дезире Дуе (ПСЖ), Рандал Коло Муани (Јувентус), Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Мајкл Олисе (Баерн) како напаѓачи.

Турам одигра 38 натпревари оваа сезона, постигна 16 голови во сите натпреварувања.

Share

The post Франција без Турам против Хрватска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK