март 18, 2025 10:21:47 PM

„Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“, стои во дел од објавата на Игор Џамбазов за својот колега и пријател, Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Пријателе…

Немам зборови.
Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.
Уште помалку да пеам.
Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.

Андрејчук, малкумина има како тебе.

Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку.

Сонувај спокојно“, напиша Џамбазов.

Share

The post Малкумина беа како тебе, посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого: Џамбазов се прости од Андреј од ДНК appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK