Позадината на средбата на албанските политички лидери во земјава со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, е „сериозната паника која што во моментов се јавува во власта“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ „Алфа“, тој оцени дека паниката најмногу е кај СДСМ и дека средбата се одржува токму по барање на владејачката партија.
„Јас според мое мислење и сознанија мислам дека оваа средба се случува токму на барање на СДСМ и на Димитар Ковачевски, кои што бараат помош во опстојувањето на оваа Влада, затоа што Владата е пред распад и се обидува на овој начин да добие помош за спас на својата Влада. А, за возврат да реализира политички, ако сакате и регионални агенди, кои што се на штета на Македонија и македонскиот народ“, рече Николоски.
Тој е категоричен дека СДСМ и Ковачевски се спремни „дополнително да одат на штета на македонскиот народ“ а во корист на одредени други агенди, само за оваа Влада да остане на власт уште некој месец, но не повеќе, затоа што, како што вели Николоски, тоа е максимумот што може да го добие.
„И во таа насока СДСМ и Ковачевски бараат гума за спасување кај Еди Рама. Но, условите се променети и гумата за спасување нема да ја добијат затоа што немаат поддршка кај народот. И мислам дека утре ќе има само една јалова средба и ќе има само едно сликање и позирање кое што нема да донесе ништо добро на Македонија и само ќе го крене гневот и фрустрацијата кај македонскиот народ, што ќе се види на следните избори. Одлуките за Македонија треба да се носат во Македонија и после промената на власта, една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“, рече Николоски, додавајќи дека одлуките треба да се носат во Собранието, бидејќи тие пратеници ги има избрано народот.
„Она што најмногу загрижува, а ја потврдува оваа теза што ја споменав, е молкот од страна на СДСМ, кои збор немаат кажано за оваа средба“, рече Николоски во гостувањето.