април 20, 2026

На автопатот Скопје-Велес, на наплатна станица Петровец вчера во 10:10 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „Мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (47) од Скопје, а сопственост на правно лице, соопшти МВР.

„Притоа бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10 од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK