март 24, 2025

Алваро Мората изјави дека жали што минатото лето го напуштил Атлетико Мадрид, откривајќи дека личните проблеми го навеле да донесе погрешна одлука.

Мората минатото лето се пресели од Атлетико во Милан, за кого одигра 16 првенствени натпревари и постигна пет гола, а во јануари се пресели на позајмица во Галатасарај.

Тој изјави дека решил да го напушти Атлетико по бројните повици од тогашниот тренер на италијанскиот клуб Пауло Фонсека, поради кој се чувствувал почитуван, а си заминал откако клубот го донесе Сантијаго Хименез, кој повеќе одговара на тактиката на тренер, Серж Консеисао.

„Фонсека ми се јавуваше секој ден. Не требаше да го напуштам Атлетико, но не се чувствував добро, а кога не се чувствуваш добро, носиш погрешни одлуки во секој аспект од животот. Тренерот на Милан ми се јавуваше секој ден, требаше да се чувствувам сакан и ценет. Морав брзо да одлучам, а не сфатив дека Симеоне исто така се грижи за мене, изјави Мората за „Кадена Сер“.

„Татко ми и мојот менаџер ми рекоа дека носам погрешна одлука, но јас не ги слушав. Кога поминувате низ тешкотии, се изгледа сиво, дури и ако луѓето околу вас велат дека не е така. Да можев да го вратам времето назад, никогаш немаше да го напуштам Атлетико, но не можете да го промените минатото, а сега сум многу среќен”, додаде 32-годишниот напаѓач.

Мората ќе остане на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.

Договорот вклучува опција турскиот клуб да го купи Мората за осум милиони евра до 15 јануари 2026 година.

Share

The post Мората се кае што го напуштил Атлетико appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK