март 21, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Сител“ рече дека ќе се отворат „сите претходни случаи, и за модуларната болница и за Ласкарци“, најавувајќи дека „ќе се оди до крај и ќе има одговор што точно се случувало“. „Или ќе има победа за Македонија и граѓаните или за мафијашите“, рече Мицкоски.
„Сите овие случаи коишто ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам обвинителството многу јасно да ја прошири истрагата и да го идентификува не само возачот на автобусот или управителот на правното лице, туку да видиме во кој испитен центар кажале дека тој технички е исправен, кој дал тој испитен центар да функционира така што функционира. Зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка, зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостасуваат некои елементи, таму каде што мислам дека недостасуваат. За сето ова ќе има одговор, ќе има разврска. Нема ништо да оставиме. Јас ви реков: Тргнавме, нема сега запирање, сега одиме до крај. Или тие или ние. Во животот постојат две работи, или тој или ти. Не може двајцата да опстанат, или ние ќе опстанеме, Македонија и граѓаните од една страна, или мафијашите. Нема место за двајцата повеќе“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи (МВР) е задолжено да донесе заклучок или уредба или правен документ со кој ќе се забрани употреба на пиротехнички средства, запаливи средства, во затворен простор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK