Денеска и официјално беше потврдено дека Мадрид ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2026 година.
Оваа вест ја потврди претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан.
„Ги обезбедивме правата за домаќини за финалето на Лигата на шампионите. Ќе се игра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид“, рече тој.
Инаку, овој стадион веќе бил домаќин во поновата историја, во 2019 година кога Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0.
Градот Мадрид претходно беше домаќин во 2010 година, но тогаш тоа беше стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кога Интер го совлада Баерн Минхен со 2:0.
The post Финалето во ЛШ во 2027 ќе се игра на „Метрополитано“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде