април 20, 2026

ГФК Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16. Овој број во периодот додека настапуваше за ГФК Тиквеш го носеше Андреј Лазаров, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Лазаров, на 16.март кога се случи пожарот кој однесе 59 животи им помагал на луѓето. Иако првичните информации беа дека неговата состојба е стабилна, тој им подлегна на повредите.

„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 16кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно
Збогум Андреј“.

Share

The post Во чест на Андреј Лазаров Тиквеш го повлече дресот со број 16 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK