Синот на Пике на емисија дојде во дресот на хрватската фудбалска репрезентација.
Жерар Пике неодамна стави крај на фудбалската кариера, но не реши да мирува.
Познатиот шпански фудбалер е многу активен во пензија, покрај низата деловни успеси, основал и лига во која инфлуенсери и поранешни фудбалери играат фудбал.
Ваквите натпревари во Шпанија станаа погледани од некои преноси на шпанското фудбалско првенство.
Покрај популарните инфлуенсери, фудбал повторно играа Икер Касиљас, Кун Агуеро, Чикарито и многу други.
Во една емисија Пике гостуваше со својот син Милан за да ги соопшти новостите во лигата. Поранешниот фудбалер на Барселона откри дека во лигата ќе игра и активен професионален фудбалер од Шпанија, кој ќе игра под маска.
Во еден момент неговиот син Милан за малку ќе откриеше за кого се работи, но Пике навреме го спречи бидејќи на тој начин ќе ја уништи целата идеа, а потпишаните договори ќе паднеа во вода.
Интересно, синот на Пике дојде во ревијата во дресот на хрватската фудбалска репрезентација, која очигледно му се допадна на неодамна одржаното Светско првенство во Катар.
Следете не, не има насекаде