април 19, 2026

По неколку дена откако како поранешен премиер беше повикуван во јавноста зошто не се огласи вои врска со страшната трагедија која му се случи на Кочани, екс претседателот на Владата Зоран Заев, поточно неговата хуманитарна фондација, се огласи на својата веб страница, објавувајќи дека донирале 150 илјади денари на Црвениот крст за помош на семејствата на настраданите граѓани во страотниот пожар, или околу 2.500 евра.

„Со чувство на голема тага и болка од епилогот на големата трагедија која се случи на 16 март во Кочани, а во која згаснаа животите на 59 млади Македонци кои, за жал, не ја дочекаа новата пролет, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ им изразува искрено и длабоко сочувство на членовите на семејствата на починатите, а на сите повредени им посакува успешно опоравување и брзо враќање во нормалниот живот.

Нашата фондација, преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија, донираше 150.000 денари како помош на настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Воедно, упатуваме апел до сите добри и хумани луѓе и институции во државата, да дадат свој придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите.

Да ја разбудиме човечноста во човека. Да се погрижиме сите заедно, никогаш повеќе да не се повтори такво зло“, се вели во објавата на Фондацијата Заев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK