Полицијата приведе 45-годишен жител на Скопје поради упатени закани кон лекар во приватна болница на подрачјето на Карпош.
Како што соопшти МВР, осомничениот З.К. бил лишен од слобода вчера околу 11:20 часот од страна на полициските службеници на СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил на 19 март околу 09:30 часот, кога осомничениот наводно му упатувал закани на лекарот во болницата.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде
