април 19, 2026

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами откако го совлада Аргентинецот Камило Хуго Карабели со 2:0 ( 6:1, 7:6 (1)).

Ѓоковиќ вечерва го забележа 411-от триумф на турнирите од Мастерс серијата и го престигна Рафаел Надал за првото место на вечната листа.

Ѓоковиќ имаше брејк топки во два од трите сервис-гема на неговиот ривал и реализираше два од трите.

38-годишниот Србин направи брејк во вториот, а потоа и во шестииот гем и експресно го доби првиот сет, препуштајќи му само еден гем на противникот.

Новак добро го започна вториот сет, иако неговата, почна да покажува знаци на замор. Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во третиот гем за 2:1, но во следниот гем му дозволи на Карабели за првпат на мечот да го одземе сервиосто.

Тоа беше период кога дебитантот на беше подобар од славниот ривал.

Маратонскиот деветти гем им одзеде многу енергија на двајцата играчи, а Ѓоковиќ не успеа да искористи две брејк топки и веројатно да направи клучен чекор кон победата и пласман во осминафиналето.

Двапати Ѓоковиќ беше принуден да сервира за останување во сетот, обезбеди тајбрејк и на крајот со само еден загубен поен го скрши отпорот на жилавиот Аргентинец.

Ѓоковиќ шест пати го освојуваше трофејот во Мајами, а ова е негов прв настап од 2019 година. Во осминафиналето ќе игра против Канѓанецот, Феликс-Оже Алијасим.

Share

The post Ѓоковиќ доминираше, па во тај-брејк го скрши „лаки лузерот“ од Аргентина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK