април 19, 2026

Без електрична енергија денеска од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од ул. „62“ во Радишани во општина Бутел, а од 9 до 13 часот, корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр.102  во општина Карпош, го пренесува РЦУК -Скопје известувањето од ЕВН Македонија.

Струја ќе немаат и корисниците од Градовци, Тисовица, Гумалево, Пакошево, Спектар Комерц, Добрино, Дејковец, Ново Село, Пакошево во општина Зелениково, од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“, Хром  во општина Ѓорче Петров, од 09.30 до 12.30 часот, дел од корисниците од улиците „Дрезденска“, „Римска“ и „Анкарска“ во општина Карпош, од 10.00 до 15.00 часот, како и корисниците од ул.„Ѓорче Петров“ бр.168 и околните броеви во општина Ѓорче Петров, од 12 до 14 часот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK