април 19, 2026

Англија ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство. На „Вембли“, Англија ја победи Летонија со 3:0, а селекторот Томас Тухел особено го истакна Рис Џејмс.

Десниот бек на Челзи по две и пол години се врати во стартниот состав на „Гордиот Албион“ и го постигна својот прв гол за националниот тим. Тоа го направи на феноменален начин од слободен удар.

„Знам колку добар играч е Рис. Тој е неверојатен. Тој има право да биде горд и среќен за она што го одигра. Тој е во одлична форма, а неговиот квалитет никогаш не е доведен во прашање“, изјави Тухел.

Share

The post (Видео) Рис Џејмс со спектакуларен гол се врати во репрезентацијата на Англија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK