декември 23, 2024

Американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи од времето кога Џо Бајден беше потпретседател на САД, пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Адвокатскиот тим на Бајден во ноември открил околу десет досиеја документи во заклучен кабинет во „Пен Бајден Центарот“ во Вашингтон, рече негов адвокат посочувајќи дека тие се предадени на Националниот архив.
Телевизијата „Си-Би-Ес Њуз“ објави дека во ФБИ е вклучено во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител Мерик Гарланд е побарано да ги разгледа документите.

Извор запознат со случајот изјави за телевизијата дека серијата документи не содржат нуклеарни тајни, а не е наведен степенот на нивната класификација и доверливост.
Бајден, кој беше потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама од 2009 до 2017 година, со 2020 имаше канцеларија во просториите на невладината организација, што се наоѓаат во близина на Белата куќа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK