април 19, 2026

Македонија одигра 1:1 против Велс во квалификациите за пласман на Светското првенство. Последните пет минути одо овој натпревар беа драматични.

Миовски, погоди во 91.минута, кога ја искористи грешката на ветеранот Џо Ален. Велс изедначи буквално во последните секунди, лошите реакции и поставеноста во нашата одбрана му овозможија на Брукс да изедначи.

„Да завршеше 0:0 можеби ќе бевме задовлно, вака останува горчината што не победивме и освоивме три бода“, рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски и дополни.

„Велс е сериозна селекција. Нашите фудбалери покажаа дека напредуваат, ни фали уште тој фактор плус за да бидеме над вакви репрезентации. Во тие последни секунди моравме да останеме фокусирани, не верувам дека се радувавме пред време, дека грешките ги направивме во еуфорија. Едноставно такви моменти се случуваат. Тешко ми е што примивме гол во последните секунди, но нема простор за разочарување“.

Во јуни Македонија ќе ја пречека Белгија, а птооа ќе гостува во Казахстан.

Share

The post Милевски: Нема простор за разочарување appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK