септември 23, 2024

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK