април 17, 2026

Дваесет и двегодишен пациент, кој беше повреден во пожарот во т.н. кабаре во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, се врати во Македонија. На скопскиот аеродром го пречекаа министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Таравари изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, Ангел ќе биде пуштен на домашно лекување.

Како што информира министерот за здравство, вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија.

За четворицата пациенти кои се лекуваат во странство и се во критична состојба, министерот соопшти дека кај нив нема промени.

Министерот за надворешни работи најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на дел од пациентите кои се лекуваат во странство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK