април 17, 2026

Во СВР Велес синоќа во 23:20 часот било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди била донесена 49-годишната Ј.А. од Велес.

– Според пријавеното, жената се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, која појасни дека бил известен трудов инспектор.

Како што информира за МИА д-р Билјана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес, по направени рендген снимања кај пациентката била констатирана фрактура-скршеница на лев рачен зглоб, повредета била санирана и раката ставена во гипс и била пуштена на понатамошно домашно лекување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK