Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија при претворањето на куните во евро.
„Се случи дел од деловните субјекти да го искористат тоа што куната се менува во евро и да ги покачат цените под превезот на „заокружување“, изјави Пленковиќ на новинарите во Загреб.
Тој посочи дека Владата нема да се двоуми и ќе ги искористи алатките што ги има веќе овој петок, како што се откажување на субвенциите и зголемување на даноците.
Нема да дозволиме стратешкото достигнување на власта и државата да биде загрозено од некои од актерите на сцената со нивното неодговорно однесување“, нагласи премиерот.
Тој оцени дека дел од трговците се однесувале „измама“, бидејќи ги „заокружиле“ цените на многу повисоки од очекуваните, за неколку центи, што, додаде, им штети на граѓаните и на стопанството.
Во Хрватска официјална валута е еврото од 1 јануари, а куната може да се користи до недела, 15 јануари.
До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе може да се менуваат за евра во пошти, деловни банки и филијали на Фина, а потоа од 2024 година во Хрватската народна банка.
Следете не, не има насекаде