Млад човек обвинет дека во декември фрлил јајце во правец на кралот Чарлс Трети во северниот дел на Лондон денеска се појави пред британското правосудство додека против него се води постапка за нарушување на јавниот ред и мир.
Хари Спартак Меј (21) е обвинет дека на 6 декември му фрлил јајце на монархот. Чарлс III тогаш беше во Лутон за да се сретне со градските власти, добротворните организации и да го посети новиот храм на Сиките.
Младиот човек се уште не се изјаснил дали се чувствува виновен или не, а следното рочиште ќе биде во петок. Засега не се знае каква казна се соочува.
Чарлс III, кој ја наследи кралицата Елизабета Втора во септември, е многу помалку популарен од неговата мајка.
23-годишен маж беше уапсен на почетокот на ноември во Јорк, на северот на Англија, исто така поради фрлање јајца во правец на кралот.
Младиот човек, кој беше ослободен со кауција, потоа изјави на полицијата дека „Велика Британија е изградена врз крвта на робовите“, алудирајќи на колонијалното минато на земјата.
Следете не, не има насекаде