април 16, 2026

Средбата започна со минута молк, но тоа не беше почитувано од домашните фанови. Фановите на Шкендија, не само што не ги почитуваа жртвите во Кочани, туку и пееја песна за УЧК.

Не е познато зошто натпреварот продолжи и дали ФФМ ќе го казни клубот и делегатите, како и судиите поради ваквото скандалозно однесување на навивачите на Шкендија.

Прволигашките натпревари кои се играат денеска започнаа со минута молк за настраданите во Кочани, меѓу кои и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров.
Судеќи по коментарите на социјалните мрежи ова е реваншизам за вчерашниот инцидент на кој беше автобус испишан со погрди зборови кон Албанците на натпреварот во Куманово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK