април 16, 2026

Лажни хумантарци деновиве биле забележани во Кочани и населените места барајки пари кои наводно ќе бидат наменети за настраданите и повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс” како и за кочанските пожарникари.

На социјалните мрежи, загрижени граѓани реагираат дека во нивните домови лице или група на лица доаѓаат и со некакви документи бараат парични средства од нив. -Луѓе пазете се, по град Кочани лице од 14-та Бригада, оде по куќи и собира пари за настраданите и повредените деца и за пожарникарите. Наводно имале документи и барале пари.

. Штом од него се побара трансакциска сметка веднаш се повлекува, напиша на социјалните мрежи загрижен граѓанин од Кочани. Доколку истите лица бидат забележани се апелира веднаш да бидат пријавени во полиција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK