април 17, 2026

Минатата недела на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов изјави дека на 2 април синдикатот излегува на протест поради одлуката на Владата да ја утврди минималната плата без учество на работниците како што налага Законот за минимална плата.

Огласување за најавениот утрешен протест имаше од ВМРО-ДПМНЕ.

Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци. За ова да е уште потрагично, овие пари ги земаат од донациите кои синдикалците со ниски примања ги даваат на ССМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажните синдикалци кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците кои членуваат во ССМ, се длабоки разочарани од раководството на чело со Трендафилов.

Разочараноста на членовите на ССМ од актуелното раководство е тоа што истите тие го имаат претворено ССМ во приватна фирма и ги користат благодетите на истата.

Додека ги гледаат во очи и ги лажат синдикалците, Трендафилов и останатите синдикалци на батерии, инкасираат милионски суми во нивните џебови на грбот на работниците, синдикалци.

за СДС, земаат плати за 3 или 4 плати поголеми од минималната плата. Затоа тие немаат реална претстава за маката на граѓаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK