Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи. Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.
-Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во последно време до физички и правни лица од тетовско-гостиварското подрачје зачестено се испраќаат пораки од лица кои во пораките им се претставуваат како наводни функционери на српското Министерство за внатрешни работи и ги известуваат дека против нив се покренати наводни судски постапки за педофилија, сајбер порнографија или други кривични дела. Покрај ова, во испратените пораки од нивните приматели се бара во рок од 72 часа да контактираат со испраќачите за да не бидат процесуирани кај Јавен обвинител, да не бидат регистрирани како сексуални претстапници и да не бидат медиумски експонирани, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Граѓаните да не ги отвораат ваквите пораки, апелира СВР Тетово, а ако веќе ги отвориле, да се обратат во најблиската полициска станица за преземање соодветни мерки.
The post СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српскaта полиција appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде