април 23, 2026

Членот на третиот ранг на германскиот фудбал Арминија од Билефелд избори пласман во финалето на купот. Во полуфиналниот натпревар, Арминија го победи бранителот на трофејот Баер Леверкузен со 2.1.

На патото до финалето Арминија ги победи Хановер (0:2), а потоа членовите на Бундес лигата: Унион Берлин (0:2), Фрајбург (1:3) и Вердер (1:2).

Домашната екипа по пресврт го елиминира бранителот на трофејот.

Џонатан Та ги доведе „фармацевтите“ во водство во 17. минута, но Мариус Вор одговори само три минути подоцна.

Тимот од Билефелд не застана тука, а до одморот, во третата минута од судиското надополнување, преку Максимилијан Грозер го комплетираа пресвртот против шампионот на Германија.

Во продолжение Арминија можеше да го удвои водството преку Џоел Гродовски. Во финишот Јонас Керскен најпрвин брилијантно го одбрани ударот на Виктор Бонифас, а набрзо Патрик Шик со глава ја погоди стативата.

Бранителот на титулата во Купот не можеше да избегне пораз до крајот на мечот, па Арминија во финалето на 23 мај во Берлин ќе игра со подобриот од дуелот Штутгарт-Лајпциг.

Share

The post (Видео) Третолигашот Арминија го елиминира Баер Леверкузен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK