април 24, 2026

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија – Аутомотив груп, Соникс и Шпаркасе.
Возилото од марката „рено“ е комплетно опремено со современи медицински уреди за итна интервенција и ќе помогне во проширувањето на возниот парк на болницата.

Трите компании кои донираа позитивно одговориле на повикот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски за обезбедување помош за санирање на последиците по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

-Изразувам жалење за трагедијата што се случи во Кочани и сочувство до семејствата на луѓето кои загинаа, посакувам што побрзо оздравување на оние кои се во болниците во Македонија и надвор од неа. Сакам да порачам до граѓаните на Кочани дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата цврсто стојат зад опоравувањето од овој шок што го доживуваме и сите ние кои живееме во Македонија. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании Аутомотив груп, Соникс и Шпаркасе лизинг коишто донираа амбулантно возило за потребите на Општата болница во Кочани, а кое ќе помогне побрзо да се транспортираат пациентите и од Кочани и од регионот и да добијат квалитетна услуга. Ги повикувам и другите компании кои сакаат да помогнат и да донираат за поддршка на целиот регион, истакна Сајкоски при предавањето на донацијата во Општата болница вели Сајкоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK