декември 23, 2024

Ждрепката за Австралија Опен…

Наскоро ќе започне првиот годинашен Грен слем турнир Австралија Опен, кој е на програмата од 16 до 29 јануари.

Квалификациите во Мелбурн започнаа овој понеделник, а ждрепката за главниот настан е закажана за четврток, 12 јануари.

Со оглед на тоа што е објавена последната АТП листа во пресрет на Австралија опен, која ќе се одржи во Мелбурн, веќе е јасно каков пат би можел да има Новак Ѓоковиќ до 22. Грен слем титула во кариерата.

Ноле, благодарение на повлекувањето на Карлос Алкараз, ќе биде четврти носител на турнирот. Тоа практично значи дека најдобриот српски тенисер нема да може да вкрсти рекети со Стефанос Циципас пред финалето, а во полуфиналето проектирани ривали ќе му бидат Рафаел Надал или Каспер Руд.

Новак нема да има лесна задача ниту во четвртфиналето, каде противници би можеле да му бидат Андреј Рубљев, Феликс Огер-Алиасиме, Данил Медведев или Тејлор Фриц.

Исто така, сите фанови на Нолет се згрозуваат кога ќе видат потенцијални ривали во осминафиналето, бидејќи има сериозни тенисери за не толку доцниот период од натпреварувањето. Тоа се Холгер Руне, Хуберт Хуркач, Камерон Нори, Александар Зверев, Матео Беретини, Пабло Карено-Буста, Јаник Синер и Марин Чилиќ.

Претходно, Ѓоковиќ во третото коло можеше за првпат да се сретне со еден од носителите на турнирот, а во предвид доаѓаат сите од 17. до 32. носител. Тие позиции ќе им припаднат на следните играчи: Лоренцо Музети, Френсис Тиафо, Карен Хачанов, Ник Киргиос, Денис Шаповалов, Борна Чориќ, Алекс Де Минор, Диего Шварцман, Роберто Баутиста-Агут, Даниел Еванс, Григор Димитров, Миомир Кечмановиќ, Франциско Серундоло , Себастијан Корда, Алехандро Давидович Фокина и Јошихито Нишиока.

Секако, не треба да ја исклучиме можноста Новак среќата да му го сврти грбот на ждрепката, па и во првите две кола да се соочи со некој незгоден, а има и такви играчи. Може да бидат Енди Мареј, Џон Иснер, Гаел Монфис, Доминик Тием или некој од српските играчи Филип Крајиновиќ, Ласло Џере или Душан Лајовиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK