Изјава за медиуми, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје
Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за свикување вонредна седница за загадувањето во главниот град. На иницијативата поддршка дадоа и советниците од политичките партии ДОМ и ЛДП.
Покрај ова, предлагаме и конкретни мерки кои имаат за цел намалување на загадувањето.
Преку мерките, бараме:
Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;
Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;
Зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет;
Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси;
Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;
Миење на улиците и јавните површини со цистерни;
Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.
Одбивањето на иницијативата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија мисли само на тендери и провизии.
Затоа, денес, го повикуваме претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, да ја прифати иницијативата и да закаже седница на која ќе се дискутира за енормното загадување што веќе со недели му се случува на Скопје.
Енормното загадување е проблем за сите жители на Скопје, а усвојување на мерки за негово намалување треба да биде врвен приоритет за градска власт.
ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Данела Арсовска да не тераат инает, туку веднаш да преземат мерки за намалување на аерозагадувањето.
Кога станува збор за здравјето на сите граѓани, нема и не смее да има простор за каква било дневна политика.
The post Славески да ја прифати иницијативата на СДСМ за борба против загадениот воздух appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде