Активностите за чистење на јавните површини кои започнаа во 2022 година, продолжуваат и оваа година. Локалните комунални служби оваа работна недела ја започнаа со акција за чистење на депониите кои се наоѓаат на територијата на Општина Аеродром. Почнувајќи од вчера, денеска и во следните денови, се чисти депонијата што се наоѓа зад „Урбан Гарден” на улицата „Трета Македонска Бригада”.
Интензивните активности се спроведуваат на повеќе локации низ општината и ќе траат до крајот на овој месец. Истовремено, инспекциските служби се активни на терен и активно работат на санкционирање и вршат засилен надзор секаде каде што се забележува несоодветно одложување на отпадот.
„Решавањето на проблемите на граѓаните останува во фокусот на нашето работење. Ги слушаме нивните проблеми и веднаш интервенираме онаму каде тоа е потребно. Oдржувањето на јавната хигиената е во фокусот и оваа година, a паралелно со тоа работиме и на подигнување на свестa кај граѓаните. Поради ова активностите за чистење на депониите кои ги започнавме лани, продолжуваат да се реализираат и оваа година, а паралелно се одвива и тековно чистење и одржување на Аеродром. Ова ќе биде година на промени во начинот на работата на комуналните служби, и со тоа општината веќе започна со највената реорганизација на начинот на одржување на јавната хигиена”, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил.
Активностите за расчистување на депониите продолжуваат и следните денови. Свеста за екологијата и чистата животна средина е важна за секојдневното живеење и поради тоа апелираме до граѓаните да бидат одговорни и да дадат свој придонес во одржување на јавната хигиената.
Воедно, апелираме до граѓаните во следните денови да ги дислоцираат своите автомобили од локациите каде ќе се спроведуваат акциите за чистење. На тој начин општинските служби ќе можат поефикасно да ги реализираат своите активности на терен. Општина Аеродром останува посветена на обезбедување здрава и чиста средина за граѓаните, преку секојдневните активности на комуналните работници и инспекциските служби.
The post Нула депонии во Аеродром во 2023 година: Интензивни активности за чистење на јавните површини appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде