април 28, 2026

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи каде ќе се игра реванш натпреварот од четврт-финалето на Еврокупот меѓу Партизан и АЕК.

По 27:22 на првиот меч во Атина, реваншот во Белград не се одигра, бидејќи гостите не се чувствуваа безбедни, откако црно-белите навивачи им приредија пеколен пречек, со фрлање топовски удари на загревањето.

ЕХФ пред два дена потврди дека мечот ќе се игра на неутрсален терен, се шпекулираше дека домаќин може да биде Скопје, но од ЕХФ решија вториот натпревар меѓу овие ривали ќе се игра во Шумен, Бугарија, во понеделник, на 7 април, од 11:00 часот, а публика нема да има.

Инаку, Шумен е град во источна Бугарија, на 360 километри од Софија.

Победникот од двомечот од полуфиналето ќе игра против Извиѓач од Љубушки.

Share

The post ЕХФ донесе одлука – Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK