април 28, 2026

Кошаркарот на Баерн Минхен, Карсен Едвардс, влезе во историјата на Евролигата. Постигна осум тројки во една четвртина во поразот на Баерн од Макаби 90:93 во 33. коло.

Плејмејкерот на Баерн, постигна осум тројки во една четвртина. Едвардс во третиот период погоди осум тројки од исто токлу обиди, првото промашување надвор од линијата 6,75 го имаше на 25 секунди пред крајот на четвртината. Едвардс во третата четвртина постигна 26 поени, тој собори два рекорда (најмногу тројки и најмногу поени во една четвртина).

Баерн не успеа да победи иако во последната четвртина влезе со предност од 14 поени. Макаби ја стигна предноста во последниот период, а победата на Израелците им ја обезбеди Ливај Рендолф кој погиди четири слободни фрлања во последните десетина секунди.

Карсен Едвардс беше најефикасен со историска партија и постигна 33 поени, додека Шабаз Напиер постигна 17.

Во редовите на Макаби 20 поени уфрли Џими Кларк, 16 Левај Рендолф, 12 Рокас Јокубаитис.

Share

The post (Видео) Едвардс се запиша во историјата, Баерн не успеа да го победи Макаби appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK