Иако музичката кариера традиционално се поврзува со продажба на албуми и турнеи, најбогатите уметници во светот одамна ја надминаа сцената и изградиле вистински бизнис империи. Новата листа за март 2026 година открива кои се најбогатите музичари, а на самиот врв се наоѓа Џеј-Зи.
Листата покажува дека доминацијата е во рацете на американските ѕвезди, со исклучок на Ријана од Барбадос, а интересно е што половина од најбогатите осум се жени.
кои се најбогатите музичари во светот?
8. Селена Гомез – 700 милиони долари
Покрај музиката и актерството, нејзиниот бренд Rare Beauty е главен двигател на нејзиното богатство.
7. Мадона – 850 милиони долари
Децениска кариера, турнеи и музички каталог ја одржуваат меѓу најбогатите.
6. Др. Дре – 1 милијарда долари
Бизнисот со брендот Beats го направи симбол на успешен спој на музика и претприемништво.
5. Ријана – 1 милијарда долари
Империјата Fenty ѝ донесе глобален успех надвор од музиката.
4. Бијонсе – 1 милијарда долари
Со светски турнеи и деловни проекти останува меѓу најмоќните ѕвезди.
3. Брус Спрингстин – 1,2 милијарди долари
Продажбата на музичкиот каталог значително го зголеми неговото богатство.
2. Тејлор Свифт – 2 милијарди долари
Една од ретките која милијардите ги заработи речиси исклучиво од музика и турнеи.
1. Џеј-Зи – 2,8 милијарди долари
Апсолутен лидер на листата, со инвестиции во пијалоци, технологија, недвижности и забава.
Оваа листа уште еднаш потврдува дека современите музичари не се само уметници, туку и сериозни бизнисмени, кои знаат како да го претворат својот бренд во глобален финансиски успех.
The post Милијарди зад сцената: објавена листата на најбогатите музичари во светот – Раперот Џеј-Зи убедливо на врвот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
