април 25, 2026

Поршето паркирано во Дебар маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, дознава „Скопје1“. Неговите иницијали се најдоа и во информацијата од МВР, од каде може да се заклучи дека тој го управувал возилото бидејќи стои: „на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог“.

Скопје1“ се обрати до Керим. Откако не ни одговори на телефонскиот повик, ни испрати порака „Ве молам пишете порака“. Па му се обративме писмено. Испративме повеќе прашања, меѓу кои и: „Зошто полицаецот требаше да влезе во кафеаната каде седевте и да разговара со вас, за да може да постапи согласно законот?“. Потоа го прашавме: „Бевте министер, амбасадор во ОН и Германија, имате меѓународна кариера. Зар вака се паркира ширум светот и вака се постапува кога полицијата го спроведува законот?“.

На ова, тој не одговори конкретно. До „Скопје1“ испрати став во кој стои: „Нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK