Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Рената Јајоска
Тоа што го бара СДС за почист воздух е стандардна работа на Арсовска, а мерките кои се предлагаат се гол популизам.
Еве и да има вонредна седница мерките на СДС нема да сменат ништо. За тоа е потребна стратегија и општа институционална мобилизација.
Нема да има почист воздух ако има повеќе автобуси и бесплатен превоз, но ќе има повеќе пари за субвенции на директорот на ЈСП кој доаѓа од СДС.
Нема да има почист воздух ако се стават повеќе пари во програмата за животна средина, но ќе има повеќе матни тендери и криминал од триото СДС, ДУИ и Левица.
Зошто советниците на СДС не побараа на пример владата да си ги испочитува сопствените заклучоци и да ги спроведи акциските планови за борба против загадениот воздух?
Зошто тоа Ковачевски не го побара на тајните средби со Арсовска?
И додека СДС тера политика скопјани се гушат, а ДУИ, Левица и СДС ги полнат џебовите.
The post ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што го бара СДС за почист воздух е стандардна работа на Арсовска, а предложените мерки се гол популизам appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде