декември 23, 2024

Гласачите на владејачката коалиција Обединета десница се најголемата група опоненти на еврото во Полска, 97 отсто се против. Опозициските гласачи се речиси рамномерно поделени, 44 отсто се за замена на злотата со еврото, додека 43 отсто се против.

Над 64 отсто од Полјаците се против воведувањето на еврото во Полска, инаку членка на Европската Унија, а речиси половината од нив изразуваат силно противење, покажува новата анкета, пренесува.

Во истражувањето на ИБРиС (IBRiS) за Радио ЗЕТ, околу 24,5 отсто од анкетираните ја поддржуваат идејата за замена на полската злота со еврото, додека само 14,7 отсто цврсто стојат за прифаќање на еврото. Најголема група испитаници се оние кои „дефинитивно“ не се согласуваат со ова, 49 отсто.

Анкетата покажа дека најголемиот број од испитаниците кои не сакаат да ја заменат злотата со еврото живеат во руралните области (70 отсто) и во малите градови до 50.000 жители (75 отсто). Ситуацијата е поинаква во големите градови со повеќе од 250.000 жители, каде што 48 отсто од жителите не го сакаат еврото, додека 42 отсто се за воведување на валутата.

Гласачите на владејачката коалиција Обединета десница се најголемата група опоненти на еврото во Полска, 97 отсто се против. Опозициските гласачи се речиси рамномерно поделени, 44 отсто од испитаниците се за замена на злотата со еврото, додека 43 отсто се против.

Централниот фокус на платформата на Владејачката партија Право и правда (PiS) во пресрет на овогодинешните парламентарни избори е Полска да не се приклучи кон еврозоната.

Берлин и Брисел сакаат приклучување на Полска во еврозоната, а поддршка дава и опозицијата. Поранешниот полски премиер Доналд Туск изјави дека опозициската Граѓанска коалиција може да се согласи на референдум за еврото.

Полска во својот договор за пристапување во ЕУ во 2004 година прифати дека еден ден ќе се приклучи на еврозоната, иако немаше одредена временска рамка за тоа.

Усвојувањето на еврото ќе бара одобрение од најмалку две третини од Долниот дом на Парламентот за усвојување на уставниот амандман.

Последниот извештај за конвергенција на Европската комисија и Европската централна банка покажа дека Полска исполнува два од четирите економски критериуми поврзани со стабилноста на цените и јавните финансии, но не и за стабилноста на девизниот курс или долгорочните каматни стапки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK