Лерој Сане најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен.
Како што пишува Флоријан Платенберг, новинар на „Скај Спортс Германија“, 29-годишниот напаѓач ги договорил условите за продолжување на соработката со Баварците.
Поранешниот играч на Шалке и Манчестер сити е среќен во Баерн, но во медиумите се појави информација дека добил понуда од Арсенал.
Сане оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола со пет асистенции.
The post Сане останува во Баерн appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
