април 25, 2026

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Се шпекулира за сума од 20 илјади евра која не е потврдена. Во оваа здравствена установа се примаат возрасни пациенти, во најтешка здравствена состојба, листите на чекање се големи, а бројот на кревети ограничен.

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK